За сите дополнителни информации, контактирајте нè на support@vozzi.app

VOZZi помош на пат

Ако Ви застане автомобилот, шлепувањето или поправката на пат може многу да Ве чини.

Обезбедете навреме некој од пакетите VOZZi и намалете ги трошоците.

Бидете подготвени во случај да Ви застане автомобилот

Што и да Ви се случи на пат, ние можеме да Ви помогнеме да го продолжите патувањето.
На само еден клик во апликацијата VOZZi помошта е тука, близу Вас. Кога ќе побарате асистенција, апликацијата го пронаоѓа најблискиот партнер кој може да Ви помогне.
Добивате информација за неговото име и телефонски број во случај да треба да го контактирате и колку време му треба за да дојде до Вас. Едноставно е!

Предности на пакетот за помош на пат VOZZi

Пакетот е врзан за лице, а не за автомобил

Тоа значи дека сте сигурни во кој било автомобил, и како возач и како сопатник, доколку со вас е телефонот на кој е активиран пакетот VOZZi.

Шлепување од странство без трошоци

Со пакетите VOZZi со европско покривање, имате обезбедено шлепување до дома со превоз на сите патници.

Активација на пакетот за само 24 часа

Услугите од пакетот за помош на пат можете да ги користите уште по 24 часа од активацијата. Не е доцна да земете пакет и непосредно пред патување.

Шлепување

Достапност 24/7

Преку Вашата VOZZi апликација сте поврзани со сите активни партнери на патот, во моментот кога ќе Ви затреба помош. VOZZi го лоцира партнерот што Ви е најблиску и кој може да дојде за најкратко време до Вас. Затоа каде и да сте застанати, нашите партнери од доверба се тука да помогнат. Задоволството од добиената услуга и Вашата сигурност се наши најголеми приоритети.

Ист ценовник на услуги

Ценовникот на услуги е ист на територијата на Р. С. Македонија, како за услугите за шлепување, така и за сервисите. Не морате да се грижите колку ќе Ве чини услугата; сè имате испишано на екранот на Вашиот мобилен телефон. Доколку немате готовина, услугата можете да ја платите и со платежна картичка во апликацијата. А што е уште подобро, можете на време да купите некои од пакетите за помош на пат VOZZi и тогаш навистина не треба да се грижите за ништо.

Како да побарате помош?

Доколку Ви притреба помош на пат, отворете ја апликацијата VOZZi и во табот Помош на пат кликнете на копчето изберете сервис. Кога ќе го изберете видот на помош се прикажуваат цените на услугите исти на територијата на Р. С. Македонија. Системот лоцира каде се наоѓате и тогаш го известуваме најблискиот професионалец од доверба и Вие добивате информации за него, предвиденото време за доаѓање на Вашата локација и можност да го побарате доколку е неопходно. Кога ќе се случи непредвиден настан, човек е под стрес и нашата цел е тој стрес да го намалиме колку што е можно повеќе. Со VOZZi нема потреба да се јавувате кај разни сервисери што не ги познавате и не знаете каква услуга ќе Ви дадат, нема потреба да објаснувате каде се наоѓате, особено ако сте на непознат терен. Пред Вас ја имате цената и колку ќе Ве чини сè. На екранот следете го доаѓањето на партнерот на Вашата локација. Стресот е веќе намален, зарем не?

Сервис

Кои проблеми може да Ви ги реши VOZZi?

  • Дупната гума (замена или поправка)
  • Празен акумулатор (jump start)
  • Без гориво
  • Шлепување

VOZZi ја извршува сета стресна работа наместо Вас

Кога автомобилот ќе Ви откаже послушност, а Вие морате да стигнете некаде, се јавува стрес и најмалку што Ви треба во тој момент е да трошите драгоцено време на барање слободни и сигурни сервисери во Ваша близина. Тука настапува VOZZi. Апликацијата ја извршува таа мачна работа за Вас, а вие можете да се фокусирате на својата безбедност и што порано да стигнете каде што сте тргнале. Покрај тоа што го пронаоѓаме сервисерот што Ви е најблиску, исто така ги избираме и само оние што се моментално слободни и кои можат да Ви помогнат со конкретниот проблем што го имате.

Апликацијата VOZZi е бесплатна

Апликацијата за Andoid и iOS можете бесплатно да ја преземете преку Google Play, App Store и Huawei AppGallery. Не можете да изберете дали и кога ќе Ви притреба помош на пат, но она што можете да го изберете е VOZZi. Со апликацијата VOZZi на Вашиот телефон, имате брзо, лесно, сигурно и достапно решение на проблемот.

Помош покрај пат и за моторцикли

За Вашето целосно задоволство во возењето, ослонете се на VOZZi поддршка на патот

Сите љубители на моторцикли кои исто така поседуваат и автомобил, сега имаат можност да со било кој VOZZi пакет за помош на пат имаат и МОТО додаток кој им овозможува да побараат помош на пат за нивниот мотор доколку е потребно.

Влечењето на мотор не е услуга идентишна како и влечење на автомобил и бара опрема и знаење за обезбедување безбеден транспорт на моторот. VOZZi тимот вредно работи за да ги опреми своите партнери со специјализирана опрема, како што се вилушки, клучеви и ремени за транспорт, за да се стои на свое место а Вие да немате грижа за транспорт на Вашиот љубимец.

VOZZi ги препозна моторциклистите како сериозни клиент. Исто така, мотористите го препознаа VOZZi како најдобра помош на пат. За да уживате во возење со Вашиот мотор, потребен ви е вистински пријател на пат.

Она што би сакале да го знаете

Нашиот тим за поддршка е тука за вас

Ние сме тука да ви помогнеме и да одговориме на сите ваши прашања. Со нетрпение го очекуваме секој ваш повик.

Оперативен центар

Дали ви треба помош на пат или имате прашање до нас?
+381 11 40 19 919

Е -пошта за поддршка

Ако не можете да го најдете одговорот што го барате, пишете ни.
support@vozzi.app