Станете VOZZi партнер

Бидете и ви дел од иновативната помош на патот

img-new

ШЛЕП СЛУЖБИ И СЕРВИСЕРИ

Пријавете се, вратите на нашата компанија се отворени за вас

Доколку се професионално ангажирате во услугите за помош на пат, придружете ни се. Мрежата на партнери на VOZZi константно расте.

Ниски провизии

Фиксна провизија во износ од 10% од секоја наплата. Ценовникот е ист на територијата на целата Р. С. Македонија и нема никакви скриени трошоци. Партнерскиот ценовник ги опфаќа фиксните цени на сите понудени услуги и тие се исти за сите Партнери. Во согласност со тоа, овозможена е целосна транспарентност и се заштитени правата на потрошувачите. Конкуренцијата на пазарот директно зависи од квалитетот на услугата и од Вашата активност во врска со неа, а не од цената на услугите.

Без почетни вложувања

Доколку професионално давате услуги за помош на пат, како фирма или како индивидуалец, можете да се пријавете за местото Партнер целосно бесплатно. Успехот на Вашето работење во нашата мрежа на корисници на ниту еден начин не е условен со инвестиции, туку исклучиво со Вашата работа, активност и рејтингот што ќе го добиете од страна на корисниците. VOZZi е изграден онлајн-сервис со средена инфраструктура, којашто константно ја усовршуваме. Ние растеме со Вашето успешно работење.

Вие имате контрола!

Преземете ја контролата над Вашето работење. Сами си го одредувате работното време. Вашиот деловен успех е условен само од Вашата работа и од односот кон клиентите, а на Вас е да се покажете на широкиот пазар што го отворивме за Вас. Заради полесно и попрецизно разбирање, го усвоивме и Кодексот, кој ги дефинира начинот на работа и патот кон заедничкиот раст - Вие го контролирате Вашиот имиџ и работењето, па искористете ја секоја можност. Имате повеќе возачи во рамки на компанијата? Секој од возачите ја инсталира апликацијата VOZZi partner во својот телефон, а Вие во секој момент можете да видите каде се и да го следите нивното патување во реално време.

Задолжително фотографирање

Со цел на заштита на нашите Партнери, воведовме задолжително фотографирање. Сликајте го возилото пред и по сервисот. Во случај да дојде до дополнително оштетување на возилото, за кое клиентот тврди дека настанало со Вашата интервенција, ние можеме да го докажеме спротивното.

Што велат нашите партнери?

Имам одлична соработка со VOZZi

Сè е онака како што се договоривме на почетокот. Ова е Компанија која постојано ја шири понудата во овој бизнис.

Иван Вуличевиќ, Шлеп-служба Кримлекс Чупо, Чачак

Многу сум задоволен што соработувам

VOZZi воведува стандарди за нашите услуги и за работењето. Апликацијата ги отстрани сите непознаници околу наоѓање на клиенти, типови возила…

Драган Радибратовиќ, Шлеп-служба Гага МДР, Златибор

Со VOZZi партнер убаво е да се работи

Апликацијата овозможува да добиете клиенти, да дадете услуга и да ја наплатите без проблем. Така сме задоволни и јас, и клиентот.

Жељко Бонѓеровиќ, Шлеп-служба Тома 021, Нови Сад

1
2
3

Инсталирај ја апликацијата

Брза и лесна инсталација на платформите Android и iOS.

специјално партнерство

Горди сме на нашата меѓународна соработка со компанијата Vulco

Од летна до зимска промена на гуми, од сезона до сезона, двете компании веќе неколку години успешно соработуваат на заедничка радост и на радост на сите наши корисници.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА СОРАБОТКА

Без разлика дали сте заинтересирани за соработка како шлеп служба или сервис или за некој друг вид на соработка

VOZZi Holding B.V, Netherlands

+381 11 40 19 919