Велат дека најубавите подароци не се завиткани во сјајна хартија, туку во љубов и внимание. Токму поради оваа причина, најдовме начин да и пружиме сигурност на патот на твојата драга особа. Кога купуваш пакет VOZZi или надградуваш постоечки, добиваш можност да обрадуваш некого со подарок во вид на ваучер и на тој начин да ја споделиш безбедноста на патот.
Со VOZZi МК добиваш еден ваучер VOZZi 40 во вредност од 299 МКД.
Со пакетот VOZZi Eвропа добиваш два ваучери VOZZi 40 во вредност од 299 МКД.
Со пакетот VOZZi Evropa Max добиваш дури два ваучери VOZZi 80 во вредност од 499 МКД.
Што е VOZZi 40?
Ајде да го објасниме овој подарок ваучер подетално. VOZZi 40 е во исто време и пакет помош на пат и ваучер за купување. Како е тоа можно?
Кога ќе му подариш VOZZi 40 на твојот пријател, тоа значи – безбедност на пат во следните 3 месеци, бидејќи овој пакет обезбедува:
• 40 km услуга на шлеп
• 1x брза поправка за да го продолжиш патот
• 1x обезбеден паркинг
Доколку пријателот на кој му го подаруваш VOZZi 40 не користи никаква услуга и сака да купи некој од пакетите VOZZi од стандардната понуда, тогаш VOZZi 40 станува ваучер и неговата вредност е 299 денари. Цената на кое било од трите пакети ќе се намали за 299 денари. VOZZi 40 може да се користи како ваучер за попуст 3 месеци, по што истекува.
Што е VOZZi 80?
Истата ситуација е и со пакетот VOZZi 80. Во исто време, представува пакет помош на пат и ваучер за купување. Но неговата вредност е уште поголема!
Во рамките на VOZZi 80, услугите се следни:
• 80 km шлеп
• 1x брза поправка за да го продолжиш патот
• 1x обезбеден паркинг
Доколку не се користат овие услуги, VOZZi 80 е ваучер за купување на поголем пакет и ја намалува цената за 499 денари, исто така за период од 3 месеци.Купи пакет, искористи ги овие ваучери и обрадувај некој што ти е драг. 🧡