Често поставувани прашања (FAQ)

Дали апликацијата VOZZi е бесплатна?
Да, апликацијата е бесплатна за преземање и достапна е на Google Play Store и App Store и Huawei AppGallery.
Дали можам да ги користам пакетите за помош на пат и без апликацијата?
Пакетите за помош на пат не можат да се користат доколку ја немате инсталирано апликацијата на Вашиот мобилен телефон. VOZZi е мобилна платформа за ангажирање помош на пат, со повикување сервисер преку апликацијата или со повикување на кол-центарот, исто така преку апликацијата.
Дали можам мојот пакет за помош на пат да го платам со платежна картичка?
Да, сите пакети можат да се платат со Вашата кредитна картичка или со дебитна картичка издадена од Вашата банка како најбрз и најсигурен начин на купување.
Каде може да се купи пакетот за помош на пат VOZZi?
Преку мобилен телефон или е-продавницата.
Колку трае пакетот за помош на пат од VOZZi?

Сите пакети за помош на пат траат 12 месеци од датумот на купување.

Дали пакетите за помош на пат важат и за такси возилата?
Да, пакетите за помош на пат VOZZi важат за такси возилата.
Дали пакетот за помош на пат е врзан за лице или за возило?
Пакетите за помош на пат се врзани за лице и во кое било возило да се наоѓате како возач или патник, имате право на користење на нашите услуги.
Како да повикам помош на пат?

Постапка за повикување на помош на пат:  доколку сте во земјата во момент на дефект на автомобилот и вклучена Ви е гео-локација, - ја активирате апликацијата, одаберете ја опцијата „помош на пат'' после што со еден клик ќе одаберете кој сервис Ви е потребен. Апликацијата ја наоѓа Вашата локација и Ви јавува дека го бара најблискиот партнер кој може да дојде до Вас. Откако нашиот партнер го прифати Вашиот повик, добивате информација за време на чекање на услугата, како и информации со податоци (регистерски број, тип на возило и контакт број) на сервисерот или влечна служба која тргна накај Вас. Доколку немате пристап до интернет конекција,  апликацијата сама ќе препознае дека немате интернет и ќе прикаже копче за повик на кол-центар.  Телефон од кол-центарот е: +381 11 40 19 919 кој е оперативен 24/7/365 во текот на годината.

Ако го искористам пакетот за една помала поправка, на пример за замена на пневматик, дали морам да го обновам пакетот или и понатаму важи само без искористена услуга?
Не морате да го обновите комплетниот пакет. Услугата што е искористена ќе биде исклучена, а на располагање Ви остануваат другите услуги.
Ако се најдам во странство и одлучам да одам до најблискиот сервис каде што излегува дека отстранувањето на дефектот е скапо, можам ли да барам превоз до дома?
Имате право на услугата шлепување до првиот сервис и секако ако цената на поправката не Ви одговара, можете да ја користите услугата шлепување со превоз на сите патници до домашна адреса.
Дали, во случај на дефект во странство, може да се користи шлепување до првиот сервис без дополнителни трошоци?
Да, секако препорака е поправката да се направи во првиот најблизок сервис. Доколку не е можна поправка, ќе организираме дополнително шлепување до Вашиот сервис во земја.
Дали европските пакети имаат ограничување за услугата враќање на возилото на домашна адреса?

Не постои ограничување во реализацијата на услугата шлепување на возилото на домашна адреса, во согласност со територијална покриеност на одреден пакет.

Кој е контакт-телефонот за VOZZi?
Бројот на кол-центарот +381 11 40 19 919.
Како да се добие попуст за купување пакети за помош на пат?
Попуст може да се добие само за купување пакет преку VOZZi апликацијата. Во самата апликација постои опцијата ПРЕПОРАЧАЈТЕ и со клик можете да испратите линк за инсталирање на апликацијата на Вашите пријатели (користејќи СМС, Viber, Mesenger, WhatsApp...) Со клик на линкот и со инсталирање на апликацијата, како и со регистрација, за секој новорегистриран корисник на кој сте му ја препорачале апликацијата, добивате по 5% попуст сè до максимални 40% попуст. Новата цена со попуст ќе Ви биде прикажана на екранот при купување на пакет.
Дали пакетите VOZZi за помош на пат покриваат и моторцикли?
Да, пакетите опфаќаат и моторцикли.
Дали можам да добијам услуга за шлепување на нерегистрирано возило?
Не, за нерегистрирано возило, како и за возила со пробни и привремени таблички, не даваме услуги за помош на пат.
Кое е работното време на кол-центарот?
Работното време на кол-центарот на VOZZi е 24 часа, 365 дена во годината.
Како се тарифира повикот од странство на кол-центарот?
Повикот се тарифира според тарифите за повици на Вашиот оператер.
Дали пакетот може да се пренесе на друго лице?
Пакетот за помош на пат НЕ Е пренослив на други лица.
Зошто е препорачливо да го назначам возилото што го користам?
Кога ќе побарате помош на пат, партнерот на VOZZi добива информации какво возило треба да шлепува и/или сервисира. На тој начин партнерот ја има вистинската информација врз основа на која однапред може да спреми одредени специјални алати или заменски делови.
Како да знам дали доаѓа шлеп-службата и за колку време?
Со барањето услуга, преку апликацијата во живо го следите движењето на шлеп-службата кон Вас и времето на нејзиното доаѓање. Добивате информации за марката и моделот на возилото, како и регистарската ознака на возилото што доаѓа на повикот.
Како се врши враќањето на возилото со превоз на сите патници од странство до домашна адреса?
Во таквите случаи превозот на возилото и на патниците се врши со патничко возило (комби) и со шлеп-приколка за целосен комфор на патниците. Доколку тоа не Ви одговара, можете да продолжите да патувате со воз, автобус или авион, во зависност од пакетот што го имате.
Дали услугата за враќање на возилото од странство важи само во случај на сообраќајна незгода?
Не, услугата важи и во случај на дефект и во случај на сообраќајна незгода.
Како да побарам помош на пат ако немам мобилен интернет?

Доколку имате активен VOZZi пакет и немате вклучен мобилен интернет, без разлика дали сте во вашата земја или во странство, на екранот се појавува копчето за повик. Ќе му дадете на оператерот информации за вашата локација. Ќе ги добиете сите потребни информации од оператерот.

Дали има бесплатна услуга со шлеп од странство до дома?

Да, во рамките на сите европски пакети постои услуга за влечење возила и превоз на сите патници до вашата посакувана локација, без ограничувања на километража.

Во кој период пакетот за помош на пат станува активен?

Пакетот е активен 72 часа од моментот на регистрација на уплатата.

Дали VOZZi пакет за помош на пат е поврзан со возило или личност?
Пакетот VOZZi е поврзан со лицето како корисник на пакетот, а не со возилото.
Дали услугата за враќање на возила од странство важи само во случај на сообраќајна незгода или исто така во случај на дефект?
Услугата важи и во случај на дефект и во случај на сообраќајна незгода.

Потребна ти е помош?

Секогаш можеш да се потпреш на нашиот тим за поддршка на клиентите

Помош на пат на дофат на рака

Запознај го VOZZi подетално, контактирај не за повеќе информации, разговарај со други кои ја користеле услугата VOZZi и многу повеќе

Регион